Се решава проблемот со водоснабдувањето во карбинско, ќе започне втората фаза од изградбата на регионалниот водовод Плачковица

Во следниот период ќе започне втората и последна фаза од изградбата на регионалниот водоводен систем Плачковица , плачковичките села ќе добијат сигурно водоснабдување. Инвестицијата е вредна над 500 илјади евра, а со зафатот трајно ќе се реши прашањето со водата во повеќе села од подрачјето на општината. По објавувањето на тендерот од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, се очекува старт на градежните работи.

,,Тоа е втора фаза изградба на регионален водовод Плачковица. Првата фаза е изградена пред околу 2 години, која што беше финансирана од средства од Таф. Ова сега е втора фаза и последна со која што ќе биде целовкупно завршен овој проект. Се работи за водвод кој што ќе ги снабдува плачковичките населени места и е некаде со сериозна сума на средства од над 500 000 евра и очекувам министерството за животна средина по комплетирање на евулацијата на самата техничка постапка да го објави тендерот за овој проект и во следниот период да ги започнеме и градежните работи.“, рече Паунов

Инаку, во изминатиот период проблеми со водоснадувањето имаше особено во селата Радање, Аргулица, Црвулево, а со овој водовод очекувањата се дека водоснадвуањето ке се одвива нормално, без никакакви проблеми. Инаку општината Карбинци исто така е на чекор и да се приклучи до хидро системот Злетовица.

Иван Митев, М-Нет