Се решаваат проблемите за изградба на соларниот парк во Штип, во јуни ќе се постави камен темелникот на ветерниот парк

До крајот на месец јуни треба да биде поставен камен темелникот на ветерниот парк чии параметар ќе ги опфаќа општините Штип, Радовиш и Карбинци. Премиерот Мицковски исткана дека очекува оваа инвестиција во најскоро време да биде реалност.

„Што се однесува до инвестицијата во ветерниот парк која ќе биде во Штип, Радовиш и Карбинци и ќе биде во вредност од половина милијарда долари американски. Очекува кон крајот на месец јуни да поставиме камен темелник.“ – вели Мицковски.

Во врска со соларниот парк се чека надминување на три клучни прашања со цел да може да се реализира. Во фаза на надминување е прашањето околу категоријата на земјиштето, но стојат за решавање и проблемите со батерии и откуп на електирчна енергија.

„Што се однесува до инвестицијата во соларниот парк, има некои работи кои ни влијаат. Прво е категоријата на земја кое мислам дека е надминат, оти имаме категорија која не би сакале да ја урбанизираме на ваков начин. Второ е околу откупот на електирчната енергија и цената и третотот околу балансирањето, инсталирање на батерии, да може да се користи и во вечерните часови. Но мислам дека и таа инвестиција ќе се реализира.“ – додава Мицковски.

Соларниот парк на територија на Штип треба да биде изграден на местото предвидено за карго аеродром.

Лаура Стојанова М-Нет