
Во тек се градежните активности за реконструкција на патот кој води до училиштето во село Парналија, а следуваат и градежни активности за асфалтирање на училишниот двор. Градоначалникот, Виктор Паунов, од лице место посочи дека се работи во повеќе населени места со цел ситте граѓаните да добија соодветни услови за живот. Улицата и училишниот двор се со вкупна површина од 1250 метри квадратни.
„Овде продолжуваат градежните активности на Општина Карбинци поврзани пред се со патната инфраструктура и подобрувањето во делот на пристапите. Она што се работи е пристапниот пат до училишниот двор и самиот училишен двор ќе добие модерна односно асфалтирана површина. Се работи за асфалтна површина од 1250 метри квадратни“ – вели Паунов.
Ова е во склоп на претходните три проекти кои се работеа на територија на Општина Карбинци, односно улицата во Горни Балван, како и патот меѓу селата Оџалија и Радање. Паунов посочува дека активности на терен има и во останатите села и населени места во Карбинци.
„Вкупната инвестиција на овие три преокти изнесува 4.800.000 денари целосно средства обезбедени од Општина Карбинци.“ – додава Паунов.
Во меѓувреме децидно истакна дека во завршна фаза е изградбата на патниот правец од село Долни Балван до село Таринци.
Лаура Стојанова М-Нет