Започнаа „Пролетните денови на училишниот спорт“ во Штип, средношколците ќе се натпреваруваат во футсал и одбојка

Во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ Штип денеска започнаа „Пролетните денови на училишен спорт“. Учествуваат по две екипи, машка и женска од средните училишта во Штип, а децата ќе се натпреваруваат во футсал односно одбојка наредните три месеци. Целата е да се вклучат и основците.

„Оваа година ќе се натпреваруваме во два спорта, тоа е за машки футсал и за девојчиња ќе биде одбојка. Се надеваме дека наредната година ќе ги прошириме спортските групи и ќе ги вклучиме и основните училишта.“ – додава Арсов.

Спортот восипитува, спортот дисциплнира, директорката на СОУ „Коле Нехтетин“, Јованка Шалева, упати апел младите, учениците, да се приклучуваат кон спортските клубови, да спортуваат и на тој начин да се оформат како вистински личности.

„Ако се обидам во овој момент да го дефинирам спортот јас не можам да смислам подобра мисла од онаа народната „Во здраво тело, здрав дух“. И навистина е така, спортот воспитува, спортот дисциплинира, спортот ги поттикнува позитивните навики кај младите ученици и еве ние со овој настан ги повикуваме децата да бидат дел од спортските клубови“ – вели Шалева.

Настанот е гордост за општината, а обврска на Локалната самоуправа е да го развива спортот, да вложува во истиот и на тој начин да ги мотивира младите спортисти. Градоначалникот Јорданов посочи дека постојано вложуваат во спортот и спортската инфраструктура.

„Она кое е значајно за нас како општина е да го мотивираат и го поттикнат спортот и да го омасовиме спортот во нашата општина. Сакаме да го трасираме патот на младите во еден правилен правец, во градење на едни вистински личности, а спортот е вистински начин за да младите се изградат како личности кои ќе го градат нашето општество.“ – вели Јорданов.

„Пролетни денови на училишниот спорт“ се спроведуваат за првпат во Општина Штип, а тенденденција е да прерасне во традиција во која ќе се вклучат и учениците од основните училишта.

Лаура Стојанова М-Нет