
Починаа четири пациенти на Инфективното одделение во Штип од корона вирусот. Сите лица битката ја изгубиле во болнички услови, од кои еден е од Кочани на 52 годишна возраст, а другите двајца пациенти се од радовишкиот регион на 68 и 71 година. Кај четвртиот случај не е потврден ковид – 19, и се води како сомнителен случај. Попладнево со компликации од Корона вирусот почина и заменик народниот правобранител на Штип, којашто во Клиничката болница била донесена на 07.11. 2020година со тешка клиничка слика, соопшти директорот на Клиничката болница Штип, д-р Ален Георгијев. Овој случај ќе се евиндетира во утрешниот здравствен билтен. За разлика од претходниот пролетен бран, моментално хоспитализираните болни се со потешка клиничка слика. Па така, ако во септември имало потрошено 6,5 тони медицински кислород, во октомври се 13,5 тони, со што јасно се гледа сликата во каква состојба пристигнуваат пациентите, вели Геогријев. Во Клиничката болница во Штип, се лекуваат 57 пациенти од Ковид 19, од кои поголемиот број се со потешка слика, а 14 се критични. Исто така има 20 пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка.
Лаура Стојанова М-Нет