
Жителите од нас. 8ми Ноември во Штип утрово забележале дека повторно се поставува рингишпил во нивната населба. Граѓаните се вознемирени, бидејќи во време на пандемија се поставуваат рингишпили и ќе има масовно собирање на луѓе на едно место. Тие се прашуваат дали сопственикот добил дозвола за поставување на рингишпилот од некоја институција и бараат да се сопре постапката за поставување на рингишпилот оваа година.