
На ден 07.08.2020 година, околу 12:30 часот, во с. Двориште, лицата Н.М.(60) и З.К.(50) и двајцата од с. Двориште, го нарушиле Јавниот ред и мир со тепачка по претходна вербална расправија околу користење пат. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе следат и соодветни поднесоци против лицата.