Се поголема е заинтересираноста за трета доза вакцина во Кочани

Голема заинтересираност за трета доза вакцина во Кочани. Надлежните медицински лица велат поголема е заинересираноста за трета доза вакцина за разлика од прва доза. Пред се ова се граѓани кои примиле две дози со некоја од кинеските вакцини и сега се вакцинираат по трет пат со вакцината на Фајзер.

„Интересот за трета доза е огромен. Во текот на вчерашниот ден имавме 250 граѓани вакцинирани со трета доза, а до овој момент денеска вакцинирани се 50 граѓани. Наспрема со прва доза интересот за трета доза е многу поголем.“ – кажа Постолов.

Граѓаните кои утринава чекаа пред вакциналниот пункт во Кочани велат дека се одлучиле за трета доза вакцина со цел да го заштитат своето здравје, но и здравјјето на сите околу нив.

Доктор Постолов ја искористи приликата да ги повика граѓаните кои се уште не се вакцинирани со ниту една доза вакцина да го сторат тоа, за помасовна имунизација на населението.

Кочани располага со доволно количество на вакцини како и со доволен број на медицински кадар со коижј може да се задоволат поребите на граѓаните.

Вакцинацијата се одвива не пречено на сите вакцинални  пунктови низ државата информираат од Министерството за здравство. До сега се аплицирани над еден милион и 500 илјади дози вакцини, а ревакцинирани над 770 илјади граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет