Се повеќе се купува вчерашен леб поевтин за 10 денари, главна причина економската ситуација

Купувањето вчерашен леб по пониска цена станува секојдневие. Некои го купуваат за да заштедат, други бидејки не можат да јадат пресен, а трети за да го исечат и испржат со јајца. Дел граѓани се децидни дека поради високите трошоци дома сами месат леб, што според нив е ем поисплатливо и повкусно.

Дека се бара лебот од вчера согласни се и пекарите. Велат дека најчесто се купува заради еконоската ситуација, а тој леб е поевтин, но од друга страна велат има некои кои го купуваат и консумираат заради здравствени причини.

,,Имаме муштерии што сакаат да купуваат вчерашен леб, некои од здравствени причини, бидејки топлиот леб не им е добар за користење, а некои од финансиски причини. Така да муштериите си го купувата вчерашниот леб, секако по пониска цена за 40 проценти. Денешниот леб е 35 денари, а вчерашниот 25 денари, значи со 10 денари по евтино. Да, постојано секодјенвно си доагаат, малте не истите, се случува понекогаш во неделата да си напаравиме лепче пржено со јајца затоа е потребно лебот да е постар, oдносно да е вчерашен.“, вели Малинов

Вчерашен леб се продава речиси во сите пекари во Штип, па граѓаните велат ако остане секојдневно можат да си купуваат леб по пониска цена.

Иван Митев, М-Нет