
Тага, замор, пад на енергија, несоница и одредени психички тегоби може да предизвика промената од годишнилето во есен предупредува психологот Катерина Дојчинова, која констатира дека тоа се должи на недостакот на дневна сончева светлина. Дојчинова објаснува дека пократкиот ден влијае врз биолошкиот часовник и може да предизвика промени во ритамот на спиење и будност.
,,Промената на годишното време, на сезоната, конкретно сега од лето во есен, може дапредизвика одредени психички тегоби кај дел од популацијата, што се однесува до скратувањето на денот и на намаленото количество на дневна светлина на која сме изложени, којашто е еден многу битен сигнал за нашиот биолошки часовник и може да предизвика промени во ритамот на будност и сон, значи да предизвика пореметувања во спиењето, замор, пад на енергија, намалено расположение безволност. Но, сепак ќе кажам тоа е индивидуално, не значи дека се појавува кај сите“, предупредува Дојчинова
Правилен ритам на будност и сон, будење и заспивање во исто време, редовна физичка активност и одржување на социјалните контакти се дел од препораките на Дојчинова за полесно надминување на сезонските тегоби и адаптирање на новата сезона.
,,Би им порачала да му помогнат на организмот полесно да се адаптира на сезоната, краткотрајно тегоби од типот како што ги спомнав од типот рздразливост, замор, пад на расположение, проблеми со сон да пробаат да ги надминат со воспоставување на правилен ритам на будност и сон, да пробаат да заспиваат во исто време, да се будат во исто време, секојдневната рутина да си ја одржуваат, физичката активност секако и социјалните контакти“, советува Дојчинова
Дојчинова нагласува дека ваквите промени се индивидуални и не значи дека ќе се појават кај сите.
Ева Тушевска, М-Нет