Викендот се враќа второлигашкиот фудбал, на програмата ќе бидат натпреварите од 5. коло

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Овој викенд после долгата пауза се враќаат фудбалските возбудувања во Втората лига, но прво ќе се одиграат натпревари од петтото коло, а следната среда на 25. септември ќе се одиграат натпревари од четвротото коло.

Репрезентативна пауза, а потоа и пауза поради настап на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија. Ваква долга пауза дел од второлигашите ја искористија за одигрување на пријателски натпревари, дел променија тренери, дели промовираа засилувања, дел за анализи.

В недела со почеток од 15 часот Арсими на домашен терен ќе го пречека Новаци, во Струмица дерби на поранешните прволигаш Беласица ќе бара прв триумф во новата сезона против Победа, во Велес дуел на двата нови второлигаш Борец против Вардарски ќе бара прв позитивен резултат и први бодовои.

На Градскиот стадион во Штип дерби на Истокот на Брегалница и Осогово во меч каде штипските „сини“ ќе бидат фаворити за трите бодови, а пак „жетварите“ со нов тренер ќе атакуваат на изненадување и прва победа.

Детонит Плачковица против Скопје ќе игра на Градскиот стадион во Радовиш во обид за прв триумф на домашен терен во новата сезона, а на клупата ќе дебитира старо-новиот тренер Горан Здравков.

Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Каменица Саса во меч каде „лавовите“ се големи фаворити за трите бодови, а „рударите“ и со бод би биле задоволни против ланскиот прволигаш.

Охрид разочара на стартот од новата сезона и против Башкими ќе бара триумф и три бодови, а од друга страна гостинот од Куманово кој има амбиции за Прва лига на „Билјанини Извори“ оди по три бодови како единствена цел.

Александар Ванев, М-Нет