
Продолжува праксата да се вози без возачка, со забрана и во пијана состојба, само вчера полицијата привела шест возачи во државата. Како што информираат од МВР против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Упатуваат апел сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без возачка, со забрана и под дејство на алкохол.
,,Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР
Полициските контроли како што информираат од тмау ќе продолжат и понатаму без прекин. И понатаму апелираат на одговорно управување со возилата, со цел не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет