СВР Штип извести дека на ден 11.10.2020 год. во 20.30 часот било пријавено дека настанал пожар во патничко возило на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брана“. На лице место излегле полициски службеници од СВР Штип, при што било утврдено дека Б.Н. (21) од Штип, го паркирал неговото патничко возило „опел“, со штипски регистарски ознаки, за да укаже помош на друго лице од спротивната насока. Според пријавеното, откако Б.Н. со неговите сопатници се вратил во своето возило и го стартувал, забележале пламен од хаубата. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Штип.
