Се запали автомобил на мост на влезот во Македонска Каменица

Се запали автомобил со скопски регистерски ознаки на мост на влезот во Македонска Каменица, автомобилот е од марката Цитроен ксара. Територијалната противпожарна единица веднаш интервенирала. Се уште не се знае дали има повредени лица. Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден.