Се запалил автомобил во Свети Николе

На 06.09.2020 во Полициската станица Свети Николе, С.З.(50) од Свети Николе, пријавил дека околу 16.00 часот, управувајќи  возило  „цитроен Ц3“ со пробни регистарски ознаки, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Свети Николе. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе.