
На прекрасен тревнат терен, во идеални временски услови и под светлоста на рефлекторите, раководствата на Брегалница и на Кит Го решија празнично да ги почестат армијата навивачи со два пријателски натпревари. Гости им беа прволигашките екипи на Македонија ЃП и на Вардар од Скопје а поради забраната за присуство на публика се отиде на солуција да се емитуваат и двата натпревари директно на програмата на Мнет и на веб страната на обете екипи. Во саботата на „градски“ во Штип,тимот на Македонија ЃП беше подобар и ја победи екипата на Брегалница со резултат 0:1(0:0) а стрелец на единствениот гол за гостите беше Филип Петров во 66 м. Во неделата во истиот вечерен термин се сретнаа екипите на Кит Го и на Вардар од Скопје. Вардарци беа поуспешни и победија со резултат 1:4 (0:3). Екипата на Вардар во водство дојде во 16 м. Со голот што го постигна Мартин Мирчевски . Тимот на Вардар го зголеми водството на 2:0 во 32 , а стрелец на овој гол беше бразилецот Силва Дос Сантос . На веќе убедливо водство на Вардар зголеми Бојан Колевски со голот што го постигна во 33м. И со овој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме Вардар настапи со сосема нова гарнитура а и кај Кит го во игра влегоа сите резервни играчи. Почесниот гол тимот на Кит Го го постигна во 67 м. А стрелец на голот беше стоперот Гораст Стојменов за резултат 1:3. Во самиот финиш на средбата, односно во 90м. Гораст Стојменов со желба да го спаси својот гол си даде автогол за конечен резултат Кит Го – Вардар 1:4(0:3).
Драги Герасимов – Пушка