Се градат последните 120 метри од градскиот кеј на каменичка река

Започна постапката за изработување на техничката документација за изградување на последниот дел од кејот на Каменичка река со што целосно ќе се комплетира овој проект и градот ќе добие нов урбан изглед.

Во овој дел од општината има доста работа која треба да се реализира и довршат веќе отпочнатите проекти со што ќе има како што велат граѓаните повеќе уредени локации, пријатни места каде можеме да пешачиме и поминеме нашето слободно време.

Градскиот кеј е едно од обележјата на Каменица кое е постојано уредено и секојдневно се работи за да биде што поубаво и пријатно за окото на посетителите и нормално да биде беспрекорно хоритикултурно уредено со цветен анражман неодолива зелена површина и пријатниот звук од водата што тече сето ова спакувано во едно е еликсир за душевен мир на оние кои се во негова посета.