
Да се врати животот барем приближно на оној пред короната, со раздвижување на пенизонерите преку повеќе активности во областа на спрот, култура и рекреација најави претседателот на кочанското Здрижени на пензионери, Ѓорги Серафимов. Пред камерите на М-Нет телевизија тој истакна дека годинава ќе се продолжи со организирање на седенки, прошетки, манифестации, кои заради ковид 19 во претходните две години беа стопирани. Со тоа и пенизонерите ќе може да уживаат во своето време преку дружба и забава.
„Ќе има некоја рекреативна активност, планираме нешто и на ултурно уметнички дел. Пред две години по традиција се правеше голем собир на пензионери во Пантелеј. Сега повторно на тој празник само по два дена, сакаме да го обновиме само не во толкав обем, односно ќе се ограничи бројот на пензионери кои ќе присуствуваат.“ – кажа Серафимов.
Најголем приоритет на ова здружение е обезбедувањето на огревни дрва за членовите. Поради зголемените цени на нафтените деривати, Серафимов најави зголемување на цената на дрвата, но вели тоа е оправдано. Инаку целокупната програма за активности на здружението на пенизонери Кочани за текованат 2022 година ќе бидат објавени на собранието кое се одржува крајот на месец март или почетокот на месец април.
Лаура Стојанова М-Нет