
Населба Балканска во Штип овие два дена ќе добие асфалт на секој крак. Претходно таму за асфалт се подготвуваа неколку улици, со што градоначаланикот Јорданов истакна дека во прашина и кал нема да остане ниту една улица.
„Се наоѓаме во населба Балканска. Од денес се започнува со асфалтирање на планираните улици и краци во оваа населба. Знаете дека во претходните неколку дена овде се работеше на припрема за асфалтирање на неколку улици и краци коишто досега беа во прашина и кал. Нашата цел е правилно да ги инвестираме парите на граѓаните коишто ги прибираме по основ на даноци за во време на економска криза да инвестираме во капитални проекти, во инфраструктура. Така ќе продолжиме и во наредниот период, рационално ќе ги користиме парите на граѓаните во капитални проекти. Ќе продолжиме и во наредните населби“, истакна Јорданов.
За тамошните жители ова е инвестиција која ја чекале пет децении, со што потенцираат дека значи многу за нив и населбата.

Инвестицијата во патната инфраструктура во населба Балканска е вредна 6.000.000 денари, со кои ќе се асфалтираат сите досега заборавени улици. Вложување во проектот „Штип без кал“ ќе има и во населбите Караорман, Железничка и Чардаклија, а Општина Штип за капитални инвестиции издвојува 37% од буџетот, односно 250 милиони денари.
Ребека Спасова М-Нет