
Благо покачување се бележи кај цената на свинското месо, но за сега ова не е доволно. Одгледувачи на свињи има се помалку, бидејќи расте цената на храната за одгледување на свињи, а цената на место не е на задоволително ниво. Потребни се дополнители анализи за да се одреди колку навистина треба да се плати за свинско месо, вели Гоце Срафимов, потпретседател на асоцијацијата на земјоделци. Тие уште пред два месци ја посочија потребата од зголемување на цената на свинското месо, бидејќи значително се намалил бројот на одгледување на мајки свињи.
„Цената на свинското месо кажаа пред некој ден дека е малку покачена 125 денари плус 5% данок, но и тоа е на границата на рентабилност, дури е и мала таа цена према храната колку чини и сојата на пример и житариците. Ние очекуваме, но дали ќе се покачи или не не зависи само од нас, тоа треба преработувачките капацитети да кажат.“ – кажа Серафимов.
И покрај претходно достигнатиот баланс да нема голем увоз на свинско месо, серафмив посочува дека сега ќе се намалат одгледувачите на свињи и можно е повторно да има зголемен увоз.
„Суровина секогаш има увоз на свинско, ние сме зависни од увоз и покрај тоа што бевме достигнале некој баланс со свинското месо да немаме увоз на свинско месо. Но, сега ќе се намалат фармите, одгледувачите на свињи и ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина. Нема целосно затворени фарми се уште, но намален е бројот на мајките, но се бориме. “ – додаде Серафимов.
Според Серафимов не е исплатливо да се одгледуваат свињи со ваква цена на месото, а цените на се останато одат во нагорна линија. Истовремено значително е намален бројот на крави и овци кои претходно се одгледувале во штипскиот и карбинцскиот регион.
Лаура Стојанова М-Нет