
Штипски Мал Ајакс направи големо изненадување со победа во Куманово над лидерот КМФ Форца 2015 со резултат 6:5, во натпревар со дури 11 голови и драматична завршница.
Форца одлично го отвори мечот и поведе со 3:0 преку головите на Иван Крстевски (4’), Исмаили Таулант (7’) и Зоран Левески (10’). Сепак, Мал Ајакс реагираше брзо и во само неколку минути направи целосен резултатски пресврт.
Во 15. минута Давид Тошев и Ангел Белчовски постигнаа два брзи гола, а Иса Дурмишов со погодоците во 17. и 18. минута донесе водство од 4:3 за Мал Ајакс. Во продолжението следуваше нова резултатска драма – Левески израмни во 36. минута, Тошев повторно донесе предност, по што Форца израмни на 5:5 во 38. минута.
Победничкиот погодок го постигна Давид Тошев во 40. минута, со својот трет гол обезбеди голема победа за Мал Ајакс.