
Вандалски чин утринава го потресе Штип. Искршени се фотографиите на петтемината штипјани, кои животот го загубија во трагедијата во дискотетката Пулс во Кочани. Сликите, кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ како дел од спомен обележје во чест на петтемина починати штипјани, денес најдени со искршени стакла, искривени рамки, уништени ликови.
Граѓаните од утринава со неверување и огорченост за стореното. За нив, ова не е само материјална штета, туку длабока навреда и болка.
Фотографиите на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов по злосторот се отстранети од страна на нивните семејства.
Инаку, животот на петмината штипјани згасна на 16 март во дискотетката пулс во Кочани. заедно со уште 57 мина. Во истиот дури 200 беа повредени.
Иван Митев, М-Нет