Селекторот Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот со повикани фудбалери кои ќе настапат на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Нашата репрезентација ќе биде во група со Мароко, Тунис и Турција.

На голманската позиција Таневски ги повисока голманите Стефан Јованоски кој настапува за Млада Болеслав од Чешка и голманот на Пелистер, Давид Илоски.

Во одбраната ќе бидат Златко Радески од Тетекс, фудбалерот на Башкими, Адис Мурати, Давид Голубов од Детонит Плачковица, Лука Атанасовски кој настапува за Тетекс, Андреј Велков од Тиквеш и Андреј Мурџески од тимот на Скопје.

Во среден ред ќе бидат Омар Беровиќ од Скопје, Никола Манојлов од прволигашот Силекс, Виктор Делов кој го носи дресот на Беласица, Емир Шаботиќ од тимот на Детонит Плачковица и Харун Незировски од Хелсинборг.

Во нападот на нашата репрезентација ќе бидат Димитар Данев од Вардар, Салим Арифи од косовска Митровица, Марко Николовски и Давид Матески двајцата од екипата на Охрид и Андреј Стојановски од тимот на Скопје.

Медитеранските игри во Таранто се одржуваат во август и септември 2026 година, а фудбалскиот турнир е еден од спортовите во програмата на Игрите во Италија.

Александар Ванев, М-Нет