
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип по промоцијата на Јован Александровски, Александар Костоски и Ивица Димчевски го претстави и Хусеин Бајрам. Се работи за поранешен капитен на Вардар, кој како што велат од клубот носи борбеност, брзина и дополнителен квалитет.
Вчера беше означен и почетокот на подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, а на првиот тренинг присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, кој им посака топло добредојде на новите засилување и упати мотивирачки зборови, силна поддршка и желба за големи успеси во новата сезона.
Градоначалникот Јорданов најави дека екипата од 9 септември ќе продолжи со подготовки во новата сала „Џексон“, каде што кошаркарите ќе ги имаат сите потребни професионални услови за работа, тренинг и напредок.
Од КК Соколи посочуваат дека започнуваат ново поглавје со големи амбиции, напорна работа и јасна цел.
Александар Ванев, М-Нет