Скап и денешниот пазарен ден во село Облешево. Ниските примања една од главните причини поради кои купувачите мораа да го купат само најосновното, свежа салата, и по некое парче сезонско овошје. Избор има, ама не и можност да се купи се што е потребно.

„Се е скапо, ние со другарката доаѓаме секој вторник, ама слабо и овој ден нема народ.“
Цените не се применети и овој вторник децидни се продавачите, ама далеку се од реални. Токму затоа младите не сакаат да работат земјоделие па останаа само повозрасните. Дури и тие ако имале по седум пластеници пред неколку години, денеска имаат едвај две.
„Секој ден млад ако најде накаде да замине, заминува. Селата се празнат, градовите исто така. Никој не сака да работи, останавме само постарите, пензионерите. Младите избегаа. Јас имав седум пластеника, па шест, четири, сега само два“- велат продавачите.
Цените на пазарот во Облешево беа идентични како и претходниот период, а и денеска најголема беше побарувачката за кромидот, копирот, зелената салата и сезонското овошје.