Обработката на нивите во кочанско ставена под знак прашалник, оти земјоделците се соочуваат со неисчистени канали за наводнување. Каналите меѓу селата Бање, Спанчево и Соколарци се нечисти и затоа не може да се влезе во нивата. А, ако истата не се обработи на време значи дека задоцнета ќе биде и сеидбата на оризот цели Стојче. Затоа бараат од надлежните да излезат на терен час поскоро и да ги исчиста каналите за наводнување.

„Мора да поченеме со обработка на површините, но се соочуваме со проблем во одреедени површини бидејќи немаме исчистени канали и не можеме да влеземе за да ги обработиме површините. Затоа бараме до надлежните во Скопје да изнајдат решение и начин како да помогнат на АД Водостопанство Брегалница да излезат на терен и да бидат што е можно побрзо исчистени каналите. Станува збор за каналите меѓу селата Бање, Спанчево и Соколарци. – вели Ташковски.
Со ваква пракса која се повторува секоја година по ред се губи на квалитет и квантитетот кај оризот, а половина ниви остануваат празни. Ако е задоцнета една постапка, доцнат понатаму сите.
„Доколку не се ископат каналите ние не можеме да влеземе и да ги обработиме нивите. Мислам дека ќе има задоцнета сеидба поради тоа и ќе имаме и слаб квалитет и квантитет на оризот.“ – додава Ташковски.
Сеидбата на оризот треба да започне крајот на месец април почетокот на месец мај, но дотогаш нивите треба да бидат обработени, каналите исчистени, а треба да се пушти и вода за наводнување.
Од АД Водостопанство Брегалница Кочани посочија дека машината за чистење на наведените канали ќе биде поправена и во наредниот период ќе исчистат каналите,. Дополнително ќе се вкучат и неколку помали машини со цел навремено обработување на површините и започнување на сеидбата.