Скулпторот Ангел Коруновски оддржа предавање на вториот ден на фестивалот на уметноста

Фестивал от на уметноста под мотото „Ликовна визија“ продолжува денеска во просториите во Ликовната академија во Штип. Денеска во посета беше и магистерот суклптор Ангел Коруновски, каде оддржа предавање на студентите и учениците, се со цел на полесен и побезбеден пат им ги пренесе стетските доживувања.

„Целта на денешната средва на овој ворк шоп, работилница е едукацијата и презентирањето на уметноста во правата смисла. Во смисла дека нашето опкружување е зависно од естетски доживувања и тоа ние треба да го пренесеме кон самите студенти да они полесно и побезболно сето тоа го прифатат и го восприемат.“ најави Коруновски

Студентите и учениците од средните учулишта денес работеа класично сликарство. Додека целта на Коруновски беше да им го олесни патот на цртежот до современата фигурација.

„Имам студенти од самиот факултет, имаме од средните школи значи целта ни беше бидејќи они работат класично сликарство, целта ми беше да им го олеснам патот на цртежот до современата фигурација.“ посочи Коруновски

„Прилично гледам дека се заинтересирани студентите , па и сега еве пред да дојдам ги прашав дали се задоволни од предавањата, беа задоволни. Би било убаво да ги прашате па да ви кажат како се задоволни од денешниот ден.„ изјави Коруновски

И како што вели самиот интересот кај студентите и учениците се повеќе расте. Во иднина се надева дека ваквите фестивали се почестод а се организираат со што ќе придонесе абројот на интересот кај младите се повеќе да расте.

„Морам да признаам дека овој проект има многу големо значење за сите ученици па и за студентите.и навистин има што да се научи, особено кога се учи од многу поискусни од нас. Искуството е она што го дефенира еден уметник а уметникот дефинитвно треба да ги согледува работите. И согледав дека ќе не научи на многу нешта во иднина.

Фестивалот на уметноста започна вчера на 15 мај и ќе трае до утре, 17 мај.