
Седум независни канидати за градоначалници се пријавени во општините од Истокот и неколку независни листи за осветници за престојните Локални избори закажани на 19 октомври. Два незвисни канидати влегуваат во трка за градоначалничката фотелја во Кочани, а по еден пријавен независен кандидат има во Пробиштип, Македноска Каменица, Свети Николе, Чешиново – Облешево и Виница.
Во истите општини има поднесено и независни листи за советници.
Дополнително се чека во дел од ошштините политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да предложат свои кандидати и свои советнички листи. На пример во Кочани се чекаат имињата на канидадтите за градоначалници од двете политички партии, кои ќе се борат заедно со двајцата независни кандидати, Тодоров и Крстевски.
Општина Штип засега останува без незвисни кандидати за градоначалници, идентично како и Општина Зрновци каде се познати имињата на кандидатите од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Согласно податоците од ДИК поднесени се 69 предлози за независни кандидати за градоначалници.
Локалните избори се закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини на 3480 избирачки места, а право на глас имаат 1818963 избирачи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет