
Од ветените подземни контејнери, нов стационар за кучиња, катни гаражи, штипјани за една година владеење на ВМРО ДПМНЕ добија само неискосена трева, прекини во водоснабдувањето и големи задолжувања, исткнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека сите инфраструктурни проекти се на Владата предводена од СДСМ, а Јорданов само го уназадува градот.
„ВМРО ДПМНЕ владее една година во Штип. Во таа една година штипјани добија: долги и ненајавени прекини во водоснабдувањето во најжешките денови во летото, повисока цена за собирање смет, полни контејнери, неискосена трева, нечисти улици и тротоари, глутница незловени кучиња, задолжување од фантастични четири милиони евра. Пред избори се ветуваше: детски градинки, подземни контејнери, нов стационар за кучиња, катни гаражи, градски парк со езера кај Мирјанина црква. Денес нема ништо од неговите ветувања, Иван Јорданов не оставари никаква инвестиција, никакви остварувања на инфраструктурен план. Останува фактот дека единствените инфраструктурни проекти кои во последната година се спроведуваат на територија на Штип се реализирани од Владата предводена од СДСМ.“ – кажаа од СДСМ.
Градоначалникот Јорданов вели дека работата ќе ја оценат граѓаните, но заклучува дека и покрај зголемените трошоци во енергетска и финансиска криза, имаат реализирано вкупно 125 проекта, што значи дека работеле секој или секој втор ден.
„Неблагодарно би било јас да ја коментирам оваа измината година и сам на себе да си давам оценка, за тоа најдобро би било да бидат запрашани нашите сограѓани. Доколку се прашувам дали е идеално и дали можело подобро, сигурно дека има проблеми и аномалии коиштоќе се потрудиме да ги подобриме, ќе продолжиме да работиме и подобро од оваа измината година. Во апсолутен број на реализирани прокети и во вкупен износ, имаме реалзирани 125 проекти “ – кажа Јорданов.
Според Јорданов ваквата реализација на проекти е историска компаративно со годините наназад како и инвестициите кои се вложени за подобар Штип.
Лаура Стојанова М-Нет