Собрание за граѓаните во Кочани, Лефков и Ангелова на средба со граѓаните

Претниците Миле Лефков од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Марија Ангелова од редовите на СДСМ денеска дел од караванот Собрание за граѓаните кое се реализираше во градскиот парк во Кочани. Настанот е со цел граѓаните, но пред сѐ децата, учениците да се запознат со работата на претниците и Собранието во државата, како и начиниот на носење одлуки. Според Лефков од најмали нозе треба да се свати и научи работата на Законодавниот дом во државата.

„Многу важно е да разбереме дека собранието ја игра виталната улуга во демократските процеси во државата, како претставник на како Законодавен дом. Важно е да се одржи комуникацијата со граѓаните, да знаат граѓаните за што станува збор затоа што едно функционално собрание кое се базира на принципите на демокартија, размислување, аргументи може да биде решение на кризата во која се наоѓаме“ – вели Лефков.

Вкавио караван Собранието поблиску до граѓаните се спроведува во повеќе градови низ државата, а целата е граѓаните да се запознаат одблизу со работата на собранието и пратениците.

На настанаот во градскиот парк во Кочани присуствуваа и ученци од основните училишта во градот кои имаа можност одблизу да се запознаат со работата на пратенците, да слушнат како се донесуваат одлуки на седници на Собранието, за што се дискутира, што е приорите. Претходно караванот Собрание за граѓаните, ваш партеник беше и во Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет