
Проблемот не е во концепција, туку во нејзината реализација која може да биде закочена со политизирање, каква што беше и денешната прес-конференција на градоначалникот и директорите, реагираат од ОО на СДСМ Штип. Оттаму велат дека наместо да работат, секојдневно излегувале со критики, пласирање невистини и пласирање на фундаментално непознавање на образовниот процес.
„Новиот концепт за основно образование е приспособен на македонското општество и, наместо преку бледи факти, содржините ќе бидат презентирани преку реален контекст. Учениците во училиште ќе поминуваат од 5 до 6 часа, а наставата ќе биде приспособена на потребите и можностите. Ниту еден наставник нема да загуби работно место, а високите образовни институции ќе продолжат да создаваат наставни кадри. Идејата е новиот концепт да почне да се применува за учениците од прво и шесто одделение, а не од прво до шесто одделение. Проблемот не е во создадената концепција. Проблем може да настане во реализацијата, која е во надлежност на МОН, но и на локалните власти, а за да има успех, мора да се избегне политизирање и кочење на концепцијата, како што видовме на денешната прес конференција.“ – стои во реакцијата на ОО СДСМ Штип.