СДСМ: Од ВМРО ДПМНЕ бараат оставки од надлежните, а самите се групираат на протести!

 По вчерашниот спроведен протест за правда на уставобранителите во Скопје, денеска од СДСМ на прес конференција исткнаа дека ВМРО ДПМНЕ наместо зад правдата и граѓаните застанаа зад браникот на криминалот.

„ВМРО ДПМНЕ го покажа своето вистинско режимско и насилничко лице. Вчерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ, покажа дека наместо зад правдата и зад граѓаните, истите тие застанаа на браникот на криминалот, насилството, на страна на режимот. Насилниците, кои дивееја низ храмот на демократијата, пред камери тепаа пратеници, кршеа, уништуваа, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведао државата на раб на граѓанска војна, не го бранеа Усатовот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот Никола Груевски. Вчерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ претставува уште еден доказ и за начинот на кој опозициската партија се однесува во справување со корона кризата“ – истакнаа од СДСМ.

Еден ден бараат оставки од надлежните, друг ден се групираат кршејќи ги сите протоколи за заштиа, истакнуваат од СДСМ.

„Ги прашуваме, дали вчерашниот собир, на кој ниту имаше дистанца, ниту се почитуваа мерките за заштита од вирусот, беа побезбедни за здравјето на граѓаните од изборите од кои избегаа?“ – кажаа од СДСМ.

Наместо да работат во интерес на граѓаните, претенците на ВМРО ДПМНЕ ги изложуваат на ризик нив и нивните семејства, одлучија да ја блокираат работата на Собранието и се криеја зад пандемијата, посочија од СДСМ. Бидејќи граѓаните не сакаат бранители на криминал и насилство.

Лаура Стојанова М-Нет