
ОО на СДСМ Штип со трибина за актуелните политички прашања на граѓаните. На истата присуствуваа Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, пратеничката Емилија Рамбабова, советникот и потпретседател на СДММ, Трајче Стојчевски и претседателот на ОО, Јане Миланов.
„На ден четврток, 16.06.2022 год., ОO СДСМ Штип организираше трибина на која се осврнаа на актуелни политички прашања кои ги засегаат граѓаните на Штип. Во време на светска економска и енергетска криза, Владата предводена од СДСМ и коалицијата постојано вложува во подобрување на инфраструктурата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со помош на Владата и Министерството за транспорт и врски, Штип продолжува да расте и да се развива.“ – истакна од ОО на СДСМ Штип.
Како што додаваат од таму, единствените капитални проекти во Штип се благодарение на заложбата на централната власт.
Ребека Спасова М-Нет