Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска.
Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта, велат од СДСМ.
Според нив, никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. „Дебалк на криминалните политики на Мицкоски.
Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината.
Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила.
Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите“.
Што прваат Мицкоски и Јаневска, прашуваат од опозициската партија. „Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“.
Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“
Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји.
Тоа денеска на сите им е јасно“.
Текстот СДСМ: Македонија губи првачиња, младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“ е превземен од МАКФАКС.