
Осврт на она што затекнале кога дошле на власт и она што промениле беше денешната прес – конференција на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Штип. Кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Никола Рилак, истакна дека она со кое се справувале биле долгови и скоро празен буџет.
„Кога СДСМ во 2017 година ја презеде локалната власт во Штип, наследи дел од следните проблеми: неисплатени плати на вработените во општинската администрација и вработените во ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“, само 3 милиона денари на сметката на општината, долгови за судски спорови од минатото – 20 милиона денари коишто Општината ги испрати по основ на тужби од ТППЕ Штип. Денес после само четири години имаме сосема друга приказна. Денес вработените во општинската администрација и јавните претпријатија редовно и навремено ја земаат својата плата. Денес на општинската сметка има доволно средства, пари на граѓаните кои ги вложуваме во проекти и навремено ги сервисираме побарувањата. Денес нашите пожарникари се исплаќаат според нов, коригиран бод за плата и со ова решивме долгогодишен проблем и неправда“, додаде тој.
Рилак ги повика граѓаните да го одберат најдоброто на 17 октомври, потенцирајќи на проекти во образованието, водоснабдувањето и патната инфраструктура.
Ребека Спасова МНет