Штипјани во дресот на Македонија на Светското Карате првенство во Дубаи

Плеј оф турнирот за дефинирање на македонската Карате репрезентација за претстојното СП во Дубаи во главно ги потврди доминациите на минатонеделните победници со мали исклучоци. Упорноста и вредниот карате труд ја одведе штипјанката Бојана Манева на СП во Дубаи откако второто место го замени со победнички трон. Виза за Дубаи освоија уште и Емил Павлов и Жарко Арсовски по што се утврди дефинитивниот список на сите карате патници:

Во кат. – 60 кг. Фаик Весели – Олимпик спорт

кат. – 67 кг. Емил Павлов – КК Штип

кат. – 75 кг. Петар Заборски – Макпетрол

кат. – 84 кг. Берат Јакупи – Асиарт

кат. +84 кг. Жарко Арсовски – КК Штип

жени

  • – 50 кг. Сара Радичевска – Макпетрол
  • – 55 кг. Симона Заборска – Макпетрол
  • – 61 кг. Вероника Костовска – Олимпик спорт
  • – 68 кг. Бојана Манева – КК Штип
  • + 68 кг. Симона Симовска – Олимпик спорт

кати

Александар Неделковски – Металург

Мартина Арсовска – Гладијатор

Светското Карате првенство ќе се одржи во Дубаи,ОАЕ во периодот од 16 до 21 ноември оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk