СДСМ: Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа, на самото дно

Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно, велат од СДСМ.

Тоа, според нив, граѓаните го знаат многу добро.

„Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: Неговите економски политики се целосен дебакл. Лаже. Бајките за „трета економија во Европа“ се чиста измислица по рецепт на Вучиќ – без никаква врска со реалноста. Нема исполнето ниту едно ветување. Граѓаните за две години живеат полошо“.

Вистината, оценуваат во оваа партија, не може да се сокрие.

„Бројките од Брисел се погласни од сите негови прес-конференции“.

Текстот СДСМ: Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа, на самото дно е превземен од МАКФАКС.