СВР Штип со превентивни активности за заштита од пожари и кражби

На 23.07.2022, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство на полициски службеници од Шумска полиција на подрачјето на Штип и во неколку села во Штип и општина Карбинци спроведоа превентивни активности за заштита од пожари и тешки кражби и кражби. За време на активностите на жителите на населениете места им беа поделени летоци со едукативна содржина за заштита од кражби и за заштита на шумите од пожари. Исто така, беа извршени и разговори со населението, при што им беше укажано и им беа давани совети како сами да се заштитат од кражби, разбојништва и пожари.

На 24.07.2022, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, Полициските станици Кочани, Свети Николе и Македонска Каменица и претставници на шумски стопанства на подрачјата на повеќе села во овие општини спроведоа превентивни активност за заштита од пожари. Притоа, извршени се обиколки и патролни служби на повеќе локации, беа поделени летоци со едукативна содржина, а беше разговарано со населението како да се заштитат себе, имотите и шумите од пожари.

Исто така, на 24.07.2022 во неколку села во светиниколско беа одржани средби со претставници на месните заедници на кои беше разговарано како да се заштити населението од кражби и тешки кражби. Воедно, на средбите беше укажано како луѓето можат да помогнат на полицијата за откривање на крадците и спречување на ваквите случаи.