СВР Штип поднесе 13 кривични за загрозување на колективното здравје

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 24 лица им се издадени Решенија за изолација, а 8 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 134 контроли  над лица во излоација и 64  над лица во самоизолација.

Забраната за движење не ја почитувале 12 лица, 9 биле приведени и 3 опоменати. Поднесени се 13 кривични пријави и 3 известувања по чл. 206 од КЗ.  Контролирани се вкупно 109 објекти.

СВР Штип  имајќи ја во предвид актуелната пандемија од корона вирусот, апелира граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките на Владата, како и полициските службеници кои вршат засилена деноноќна контрола на граѓаните заради почитување на овие мерки, со една единствена цел да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.