СВР Штип поднесе 11 кривични пријави за загрозување на колективното здравје

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 7 лица им се издадени Решенија за изолација, a 10 потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 99 контроли  над лица во изолација и 203 над лица во самоизолација. Едно лице не ја почитувало изјавата за самоизолација.

Забраната за движење не ја почитувале 3 лица, 2 се приведени, од нив 1 е над 67 години, на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се 11 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 128 објекти.