СВР Штип и УЈП извршија контроли во шест казина

На 20.04.2022 во Штип, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција при МВР во содејство со полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип и преставници од УЈП извршија контроли во шест казина. Притоа, од страна на УЈП биле константирани повеќе неправилности, по што ќе следи соодветен поднесок.