
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во посета на децата во дневниот центар во штипско Ново Село. Значењето на големиот христијански празник Велигден е целата поради која претседателката Хрисина Серафимовска заедно со останатите жени од унијата го посетија центарот, со црвено јајце и подароци за децата. Во оваа прилика таа истакна дека задоволството е големо што мандатот го започнува со ваков прексрасен настан.
“Навистина ми е драго што својот мандат како претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ имам можност да го започнам со еден преубав настан посветен токму на одбележување на еден од најголемите христијански празници Велигден. Треба да се напомене дека Унијата на жени традиционално овој ден го одбележува со посета на дечињата од Дневниот центар овде во Ново Село, како и оние од Искра, сѐ со една цел младите да останат чувар на вредностите и традицијата“ – кажа Серафимовска.
Да се покаже хуманата димензија и да се родат насмевки на лицата на овие деца е повеќе од значајно додаде Серфаимовска.
“Целта на настанот е пред сѐ да има хумана димензија, да се обележи настанот и да се посвети внимание на овие дечиња од дневниот центар со кои ќе поразговараме за значењето на Велигденските празници, за симболиката на велигденските јајца и да се почестиме“ – додаде Серафимовска.
Во оваа прилика Серафимовска им ги честиташе Велигденските празници на сите граѓани од православна вероисповед.
Лаура Стојанова М-Нет