
На 09.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 12 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
Истиот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 9 прекршоци.
Санкционирани биле и 38 други видови на прекршоци, од кои 9 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 5 за користење мобилен телефон, 5 за прекршоци сторени од пешаци и 9 за непрописно паркирање.