
На 07.02.2022. во 22.50 часот на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип, при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.З.(34) од Штип, пронашле огревни дрва без соодветна документација. Возило и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.