Зачестената нелегална сеча на дрва, но и кражбите на струја и вода во Штип – главна тема на свиканиот локален Совет за превенција. Имено, на истиот присуствуваа претставниците на најзасегнатите институции и се разговараше за долгорочни решенија на проблемите. Меѓутоа, главниот заклучок од работниот состанок е зачестена, подобра и поцврста соработка помеѓу надлежните, но градоначалникот повика и на соработка со граѓаните.

Како што потенцираше Јорданов, законите не препознаваат етничка или верска припадност и мора задолжително да се почитуваат со цел да се зачува безбедноста на граѓаните. Советот за превенција ќе има за цел да ги превенира девијантните однесувања, поради што ќе се преземат и конкретни чекори.
Општина Штип за овие цели ќе иницира и други средби на Советот, а Јорданов се заложи да искомуницира и со градоначалниците на другите општини за ваквите и слични проблеми во насока на заштита на граѓаните од страна на Локалните самоуправи.