Свечено отворена реконструираната спортска сала во Кратово – нов импулс за локалниот спорт

Во Кратово денеска свечено беше пуштена во употреба целосно реконструираната градска спортска сала – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. На настанот присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски, кој официјално го означи завршувањето на проектот.
Свеченото отворање се одржа во 11:30 часот, а спортската програма беше заокружена со пријателски футсал натпревар помеѓу КМФ Кратово и КМФ Осогово, со што салата веднаш доби практична спортска функција и симболично го најави новиот почеток.
Премиерот истакна дека со успешно реализирање на сите три фази е комплетиран проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Кратово, нагласувајќи ја важноста на инвестициите во спортската инфраструктура:

„Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она коешто претставува нивна потреба, ние тоа да го реализираме.“

Со модернизираниот објект, Кратово добива подобри услови за тренинг, натпревари и организирање спортски настани, што се очекува да придонесе за развој на спортот, особено кај младите, и за зајакнување на спортската сцена во регионот.