
Познатите светски медиуми како шпанска „Марка“ и италијанска „Ла Газета дело Спорт“ објавија за македонскиот фудбалер Андреј Лазаров кој загина во големата трагедија во Кочани.
Во дискотеката загинаа 59 лица, фудбалерот Лазаров се задушил додека спасувал животи во пожарот.
Познатиот италијански спортски медиум објави дека Лазаров бил херој кој се обидувал да спаси што е можно повеќе млади лица кои биле во дискотеката, но за жал тој не се спасил.
За 25-годишниот фудбалер од Кочани пишува и познатиот шпански медиум, каде се вели дека Лазаров го загубил животот во страшна трагедија во пожар во ноќен клуб, каде фудбалерот се обидувал да спаси што е можно повеќе животи, при што го загубил својот животот.
За жал наместо овие медиуми да известуваат за неговата кариера, неговите успеси, објавија за Лазаров кој херојски го даде својот животот.
Лазаров беше фудбалер на Шкупи, последниот натпревар го одигра во саботата во мечот од 24. коло на ПМФЛ кога Лазаров во игра влезе во 61. минута во меч против Пелистер кој заврши со резултат од 0:1 за битолскиот тим.
Низ својата кариера Лазаров во Македонија настапуваше и за Тиквеш, Работнички и Металург, а играше и за хрватските екипи Горица и Рудеш.
Александар Ванев, М-Нет