Светлост од Зрновци стана шампион во ОФЛ Кочани, ќе настапува во Трета лига – Исток

Екипата на Светлост од Зрновци стана шампион во Општинската фудбалска лига Кочани и со тоа стекнува право за директно учество во Третата македонска фудбалска лига – Исток за следната сезона.

Вчера се одигра последното коло каде Светлост по натпреварот со Младост Тошев го подигна шампионскиот пехар кој беше врачен од страна на претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов.

Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев им честиташе на фудбалерите, тренерите и управата на Светлост за шампионскиот пехар, а градоначалникот најави поддршка за клубот.

Тренерот на Светлост, Славчо Гиздовски упати благодарнот до општината и градоначалникот за поддршката, тренерот вели дека со неколку засилувања очекува достоинствено да се претстават во Трета лига – Исток.

Свелост е составен од млади играчи надополнет со неколку поискусни фудбалери.

Светлост следната сезона ќе се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а во следниот период ќе биде познато дали ќе има и нови учесници во Трета лига – Исотк за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет