
Откако се комплетираше сезоната во Првата и Втората женска фудбалска лига го имаме и конечниот изглед за новата сезона.
Во Првата лига ќе се натпреварува шампионот Љуботен, Каменица Саса, Ас Јунајтед, Тиверија, Скопје 2014, Шкендија од Тетово, Речица, Истатов, Топ Гол кој преку бараж го обезбеди опстанокот и повратникот Атлетико од Битола.
Во следната сезона ќе гледаме и едно Градско дерби во Битола помеѓу Атлетико и Топ Гол.
Во однос на Втората лига таму ќе се натпреваруваат осум екипи, но овој број не е конечен, бидејќи може некоја екипа да се откаже од понатамошно натпреварување или да има новопријавена екипа.
Но, засега во новата сезона ќе се натпреваруваат Вардар, Цевитана која испадна од Прва лига, Кочани, радовишка Плачковица, Борец, Билјанини Извори од Охрид, Порече од Македонски Брод и Победа од Валандово.
Во однос на Втората лига таму шампион е Атлетико кој се врати во Првата лига, а пак Вардар беше втор и играше бараж со Топ Гол но загуби и остана во Втората лига, а пак Топ Гол го избори опстанокот во елитата за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет