Само 9 слободни места за пациентите со Ковид – 19 во истокот

Уште 9 слободни места на ковид – одделите во Кочани и Штип. По денешната статистика на 50 хоспитализации во Штип и 15 во Кочани, во Кочани има уште 3 слободни места. Во Штип, пак, 4 се во модуларната болница и 2 на Кожното одделение.

Во Штип биле извршени 51 амбулантски преглед, а хоспитализирани се 42 пациенти во модуларната болница и 8 на Кожното одделение. Оздравени и испишани се 6 пациенти, но примени се 7 нови. Од хоспитализираните 28 пациенти се со тешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Починати се двајца пациенти, од кои еден на 88 годишна возраст од Берово и еден на 64 годишна возраст од Радовиш, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани, пак, во последново деноноќие има 1 нов прием, а од 15 хоспитализирани пациенти, 5 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Во Кочани нема починати пациенти, информира доктор Иле Постолов од Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел во Кочани.

На територија на цела држава, во последните 24 часа регистрирани се 256 нови случаи на Ковид – 19 од направени 2.778 тестирања, што е околу 9% позитивни од вкупно тестираните. Од новозаразените 1 е од Штип.

Регистрирани се 31 починато лице, од кои 27 во болнички услови и 4 во домашни услови. Починатите се на возраст од 18 до 86 години.

Од оздравените 545 пациента, 10 се од Штип, 5 од Делчево, 4 од Пробиштип, 3 од Берово, по 2 од Кочани и Македонска Каменица и 1 од Виница. Бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Ребека Спасова МНет